| четврток, 6 декември 2018 |

Отец Пимен до грчките свештеници: Ќе стоите ли вака и пред рајот како што стоите на плоштадот во Атина?

Отец Пимен се огласи на Фејсбук во врска со антимакедонските демонстрации во Грција кои се оддржуваат денеска во Атина.

„И сега браќа архиереи од ГПЦ да ве прашам на денешен:

Ќе стоите ли и на портите на Рајот ако Господ Бод одлучи да нè прими во Царството Небесно, како денес што стоите на Синтагма и не нè сакате во ЕУ?

Ќе роптате ли против таткото како што во денешното евангелие негодуваше другиот брат на враќањето на својот блуден брат?

Сте читале дека ни желбата, ни одлуката е ни ваша, ни наша дури и за паѓањето на едно влакно од нашата глава.

Ајде иде Прочка, па белким и ум и покајание топтан!“ – напиша тој на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top