Поради изградба на нов манастир, Владиката Петар планира да исече 80 хектари висококвалитетна дабова шума во Јанковец, Ресен.
Тој со парите од продажбата на дрвата планира да гради нов манастир „Успение на Пресвета Богородица“, но прво да го урне стариот затоа што бил дотраен.
– Доколку жителите обезбедат 50 или 100 илјади евра за црквата ние нема да ја сечеме шумата. Но таа е заболена и за неколку години ќе се исуши. Ако не ја исече манастирот, ќе ја исечат дрвокрадци, па ќе немаме ниту шума ниту црква. Сечата ќе биде законска – вели владиката Петар.
Граѓанската иницијатива „Еко Герила Преспа Ресен“ ја поддржува иницијативата на локалното население за да се спречи сечењето на шумата кај манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, кои не дозволуваат ваква еколошка катастрофа во селото.
Екологистите ја потенцираат заштитната улога на шумата од можна ерозија при поројни дождови.
– Нашите аргументи во однос на ова прашање се поради тоа што шумите влијаат врз климатските промени, нивното потенцијално уништување ќе има влијание врз промена на микроклиматските услови на ова подрачје. Во Преспа години наназад се јавува еден невообичаен феномен на појава на мраз во несоодветен период во годината, што има погубно влијание врз приносот од овошните насади, кој за голем број на жители на нашиот крај се единствен извор на егзистенција – порачуваат екологистите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст