Од партијата „Единствена Македонија“ денеска преку соопштение потенцираа дека се силно вознемирени од вчерашната реакција на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, со која, како што наведуваат, по телефон го искарал Метју Нимиц и притоа јасно побарал преговорите за името да продолжат според она што било договорено во Давос.
„Земајќи предвид дека во Давос се сретнаа Заев и Ципрас и дека по оваа средба токму Коѕијас на грчката државна телевизија изјави дека решение во спорот за името ќе има со договорени седум точки кои опфаќаат промена на името, идентитетот, јазикот, трговската употреба, акронимите и знаците, промена на уставот, пасошите и личните карти, произлегува дека Заев и Ципрас во Давос договориле целосно обезличување на Македонија и Македонците“, стои во соопштението на „Единствена Македонија“.
Оттаму, како што велат, во име на македонскиот народ бараат Заев да се вразуми и веднаш да престане со сите активности за обезличување на Македонците кои, според нив, претставуваат опасна авантура со немерливи последици за македонскиот народ и држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст