Не постои никаква ситуација во која бебе недостига или било заменето. Бебињата на таа возраст ги идентификуваме со бројчиња, а не со имиња, и сето тоа било како што треба. Утврдивме дека станува збор за недоразбирање меѓу семејството на бебето и медицинскиот персонал кое потоа прераснало во кавга, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција на која претстави пакет мерки за унапредување на состојбата во родилиштата.
Апелираше и до медиумите пред да објават, како што рече, сензационалистичка вест, да го консултураат менаџментот на клиниката, ПР-службата во Министерството и лично него.
„Една таква информација која испадна дека не е ниту блиску до вистината ја нарушува вербата во нашиот здравствен систем и сериозно ги инхибира и влијае на ентузијазмот на нашите здравствени работници коишто пожртвувано и чесно 24 часа си ја вршат својата работа“, рече Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст