| четврток, 6 декември 2018 |

Во Јужен Судан едно дете може да се купи за 20 крави

Во Јужен Судан дете, без оглед на возраста, се продава за 20 крави, односно за околу седум илјади долари.

Киднапирањето на деца се зачести за време на петгодишната граѓанска војна во Јужен Судан, а луѓето се обидуваат да најдат начин за да преживеат.

За време на посетата на едно од последните упоришта на опозицијата, американски репортер, разговарал со таткото чии деца се киднапирани.

Таткото стравува дека две негови деца се продадени за крави, а дека најмалото не е живо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top