На делницата од автопатот Велес-Скопје, поточно на еден километар после тунелот “Катланово“ вчера околу 19 часот, се случила сообраќајна незгода.
Во неа А.Д. (35) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Дачиа Логан“ со скопски регистерски таблици, изгубил контрола над возилото, кое излегло надвор од коловозот и се превртело.
Од незгодата А.Д. се здобил со тешки телесни повреди и е задржан во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобила неговата сопруга М.Д.(37).
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст