| четврток, 6 декември 2018 |

Метеоролозите најавуваат намалување на облачноста во текот на денот


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во јужните делови, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. На планините ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен западен, a долж Повардарието северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 12 степени.

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб источен ветер. Од вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top