| четврток, 6 декември 2018 |

Реката Поника се излеа на главниот пат Тетово-Јажинце

Поради големите врнежи дожд, околу 20.00 часот во тетовското село Доброште водата од реката Поника се излеала на главниот пат Тетово – Јажинце, при што сообраќајот се одвива по едната коловозна лента, информираа од АМСМ.

Како што информиравме претходно, сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Во јужните делови од државата коловозите се претежно суви, соопшти ЈП Македонијапат.

На Попова Шапка се бележат врнежи од снег кој наместа се задржува на коловозот, но во моментов снегот не го попречува одвивањето на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top