
Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа на две возила што се случи попладнево на булеварот „Борис Трајковски“ во скопската наслеба Кисела Вода.
Како што изјавија за МИА од МВР, сообраќајката се случила во 17:50 часот помеѓу возила „ауди“ и „сеат“, двете со скопски регистарски таблички.
– Во сообраќајната незгода повредени биле четири лица коишто биле пренесени во Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, наведуваат од МВР.
Директорот на Клиниката по хируршки болести, др. Иван Спировски за МИА потврди дека повредените се донесени во клиниката и им се вршат прегледи.
– Едната жена има потрес на мозок и таа ќе биде задржана, а другите лица се со контузии по телото и се во фаза на испитувања, рече др.Спировски.
Увидот на местото на сообраќајната несреќа е се уште во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


