
Зелката во валандовско ќе остане на нивите оти нема кој да ја купи. Нема откуп ниту пак заинтересирани трговци кои речиси секоја година набавуваа зелка од овој регион преку зимскиот регион.
Земјоделците кои го прибираа родот тврдат дека годинава ја продаваат за четири денари за килограм но за жал нема интерес ниту пак извоз. Митко Ризов од Пирава вели дека ситуацијата е катастрофална.
„Моментално е катастрофална и откупната цена е многу ниска, со 4 денари ниту еосновните трошоци не ги покриваме, но мора да се собере родоот и да се пласира. Потешко оди со пласманот и имаме проблеми со зимската зелка.“ – вели Митко Ризов – земјоделец од Пирава.
Благој Костамитев од истото село вели дека заради несигурниот откуп и ниските цени веќе не сади зелка преку зимскиот период. За него ова произвдоство е неисплатливо
„Не оди и затоа не ја садам, не е исплатлива за трошоците.“ – вели Благој Костамитев – земјоделец од Јосифово
Земјоделците велат дека ваквата ситуација ги терада ги намалат површините иако овој регион е препознатлив по производство на зелка. Заради ниските цени стравуваат дека и пролетниот турнус ке оди за џабе. Годинава зимската зелка во валандовско е засадена на околу 100 хектари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


