| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во првото полуфинале на Евровизија заедно со Грција, Бугарија и Хрватска

Извлекувањето на полуфиналистите за Евровизија заврши и според резултатите од ждрепката, Македонија ќе настапи во првата полуфинална вечер.

Заедно со нас, во првото полуфинале ќе настапат Бугарија, Албанија, Грција и Хрватска, како и Белорусија, Литванија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија и Кипар, додека пак во втората полуфинална вечер ќе настапат Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Норвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и Украина.

Големата петорка и домаќинот ќе учествуваат во гласањето во полуфиналињата и тоа Португалија, Шпанија и Велика Британија во првата полуфинална вечер, а Германија, Франција и Италија во втората.

Во меѓувреме, Ирска веќе го избра својот претставник за Евровизија. За нив ќе настапи Рајан О’Шогнеси, како изведувач и автор на моќна балада со која ќе се бори за победа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top