Откако се разведе од сопругата Соња Вуксановиќ, пејачот Аца Лукас не се смирува кога жените се во прашање. Последна во низата е романсата со старлетата од Бањалука, Божана Вујиновиќ.
Лукас веќе ја запознал новата девојка со пријателите, кои не се одушевени од неговата нова избраничка, бидејќи по градските кулоари е позната како девојка со низок морал, а за нејзиното апсење поради проституција на големо се пишувало.
-Лукас, Божана ја запозна во ресторанот каде таа и го завела, а набрзо ја запозна со блиските пријатели. Иако тие сметатат дека Божана би можела да биде една од Луаксовите авантури, тие се загрижени дека тој може да се заљуби во неа, а таа не е калибар на девојка со која би требало да биде. Тие отворено го потсетиле дека таа заедно со Мими Оро била уаспена во 2014 година во акцијата за сузбивање на елитната проституција во Србија. Нејзиното име тогаш е пронајдено меѓу документацијата која е запленета кај макрото Михаило Максимовиќ- вели извор близок на пејачот.
-На Лукас не му е гајле за тие приказни, ама ако се изгори, ѓаволот ќе му биде крив. Лукас кога ќе одлепи за некоја, тогаш не жали ни пари, па често го молзат. И Лукас може да биде нејзин лесен плен – додал пријателот на Лукас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.