Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски денеска во Будимпешта остварија средба со унгарскиот премиер и лидер на владејачката партија ФИДЕЗ, Виктор Орбан и министерот Антал Роган.
На средбата, претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ ја оцениле досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕЗ како одлична и потенцирале дека треба да продолжи да се развива и во иднина. Премиерот Орбан изразил целосна поддршка за новото раководство на партијата.
„Претседателот Мицкоски и премиерот Орбан разговараа и за односите помеѓу Република Македонија и Република Унгарија, при што јасно беше изразена недвосмислена поддршката од Виктор Орбан за Република Македонија на својот пат кон евро-атланските интеграции“, пишува во партиското соопштение испратено до средствата за јавно информирање.

Без разлика што делува како опозиција, потенцирал Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги користи сите свои контакти и пријателства за промоција и и забрзување на евро-атланските интеграции на Република Македонија.
„Претседателот Мицкоски го информираше Орбан за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, потенцирајќи дека власта врши политички терор врз своите неистомисленици. На средбата беше посочено дека Македонија назадува и на економски план и на полето на демократијата со целосно нарушен систем на владеење на правото како основен столб на здравото општество. Како посебен проблем беше разговарано и за слободата на медиумите кои се под притисок во врска со критичкото опсервирање на владините политики.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


