| четврток, 6 декември 2018 |

Претепано дете со посебни потреби – мајката објави вознемирувачки фотографии

Мајка на дете со посебни потреби објави вознемирувачки фотографии од својот претепан син. Нападот се случил во средното училиште „Ресник“ во Сан Антонио.

Американските медиуми јавуваат дека Валери Ен Лозано на својот профил на Фејсбук објавила вознемирувачки фотографии од момче кое лежи во крв на плочник, Тврди дека брутално го претепал училишниот насилник и покрај фактот што момчето побарало помош од наставникот по физичко, зашто насилникот му се заканил на момчето дека ќе го претепа по часовите.

Наставникот по физичко му ветил на момчето: „Не грижи се, јас ќе те чувам“, но не сторил ништо за да го спречи бруталното претепување на момчето со посебни потреби.

Следниот ден мајката била на состанот кај директорот на училиштето. На состанокот, на кој било и детето, бил повикан и наставникот по физичко, но не се појавил.

„Наставникот знаел дека моето дете ќе биде нападнато. Сакам да сторите нешто, зашто не го заштитил“, пишува Валери Ен во постот кој е поделен повеќе од 250.000 пати.

Во соопштението на училиштето за овој инцидент кусо пишува дека двајца ученици се истепале, интервенирала полицијата, а против двете деца се преземени дисциплински мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top