На денешен ден пред 10 години тогашниот претседател на Франција, Николас Саркози, и поранешната манекенка Карла Бруни се венчаа во Елисејската палата, а во историјата влезе фактот дека Саркози е првиот претседател на Франција кој се оженил за време на мандатот.
Бракот со Карла Бруни на Саркози му е трет брак, а на Карла ѝ е втор. До запознавањето со манекенката за него се зборуваше дека е најглемиот заводник, а за неа дека е „женскиот Дон Жуан“. Им предвидуваа краток век. Можеби затоа денеска 50-годишната Карла со фотографија покажа како изгледала венчавката која се одржа два месеци по запознавањето.
Успешната кантавторка и францускиот политичар се запознале во ноември 2006 година неколку недели откако претседателот се развел од втората жена Сесилија Сиганер – Албениз, со која бил 11 години во брак.
На 14 декември ја обелодениле врската во парискиот Дизниленд, а за Божик биле заедно во Египет.
Љубовниот живот на француската прва двојка беше топ тема на светските медиуми иако нема многу што да се види. Карла и Николас ја имаат ќерката Џулија, првото девојче во семејството. Николас има три сина, а Карла еден. Вниманието, всушност, го привлекува љубовната историја на кантавторката.
Во дваесеттите неколкупати раскинувала и се смирувала со пејачот Мик Џегер, а на листата на нејзини славни љубовници свој потпис има оставено и милијардерот Доналд Трамп, му паднала во прегратка и на Кевин Костнер, а и Ерик Клептон не останал имун на нејзината убавина. И тоа со години.
-Моногамна сум од време на време, но повеќе сакам полигамија и полиандрија. Љубовта трае долго, а страста на жената само две-три недели, изјавила Карла пред десет години за „Фигаро“, само неколку месеци пред да се запознае со сегашниот сопруг 63-годишниот Николас.
Фотографијата ја неверојатно талентираната Ени Лебовиц набрзо по нашата венчавка, пишува Карла под фотографијата со која си ја честита годишнината од брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст