| четврток, 6 декември 2018 |

Даскаловски: Ако за идентитетот не се разговара, значи дека Владата веќе се откажала од битката за уставното име

Најавите дека во временска рамка од 6 месеци ќе биде окончан спорот за името се премногу оптимистички за двете преговарачки страни, коментираат познавачите. Последните сигнали на македонската Влада дека сега немало да дозволат да преговараат за идентитетот на Македонците, за професорот  Жидас Даскаловски значи дека тие веќе се откажале од битката за уставното име на Македонија. Убедувањата на медијаторот дека нашиот идентитет бил безбеден според експертската јавност даваат друга слика – дека ако биде прифатено компромисно решение, во ОН покрај променето име, ќе повлече и менување на јазикот што значи и променет идентитет.

-Не разумно е да се направи комбинација со  името и јазикот – во никој случај не може да биде променето само името, а јазикот да остане Македонски, вели Даскаловски за Алфа.

Покажувањето на добра волја не значи отстапки само од македонската страна. Според Даскаловски, ако Владата не се обидува да го врати името во ОН, тогаш треба ја извади од фиока заборавената Хашката пресуда која остана заборавена во фиока.
По вчерашната средба на Димитров порача дека идентитетот не може да биде предмет во преговорите, затоа што тоа било историски процес. Одби конкретно да каже дали ќе се направи  промена на Уставот по барање на грчка страна, иако за Коѕијас било кој договор треба да се заврши со уставни промени  во кои спаѓаат преамбулата и два члена кои содржат иредентизам. Оптимизмот не го напушта медијаторот Нимиц, за него сега било времето да се постигне решение за проблемот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top