| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер се збогатил со помош на биткоин: “Кој нема да стане милионер во наредните 10 години, сам е виновен за тоа”

Иако цената на биткоините падна под девет илјади долари, еден тинејџер воопшто не го загрижува тоа.

Ерик Финман (19) на 18 години станал милионер, а тврди дека кој нема да успее во тоа во наредните 10 години – сам си е виновен.

“Лошо би постапил доколку ги продадам по таквиот пад на цените бидејќи верувам дека постои реална шанса вредноста на биткоинот повторно да порасне до нивоа кои веќе ги видовме”, изјавил Ерик за “Business Insider”.

A post shared by Erik Finman (@erikfinman) on

Вложувањето во биткоин, Финман го започнал на своја 12-годишна возраст. Тој вложил илјада долари кои биле подарок од неговата баба за да го плати факултетот.

Бидејќи Ерик не сакал да студира, тој се обложил со своите родители – доколку стане милионер до 18 години, не мора да оди на факултет. Благодарение на биткоинот, тој го добил облогот, а училиштето го напуштил на 15 години.

“Јас велам дека секој оној кој нема да стане милионер во следните десет години, сам е виновен за тоа. Новите бизнис модели и иновации сè уште се создаваат, имате голема можност за вложување. Тоа е некој нов вид на “златна треска” или нова треска на Сицилиумската долина – навистина имате многу можности”, додава тој.

Ерик смета дека сега е вистинско време за купување на оваа дигитална валута.

“Имам многу пријатели и обожаватели кои се молат за пад на берзата. Тие сакаат да купат биткоин, но сметаат дека цената им е превисока”, изјавил тој.

Don’t be afraid to take a risk.

A post shared by Erik Finman (@erikfinman) on

“Овој пад на цените ви дава огромна можност, само треба да имате храброст да се приклучите бидејќи со сигурност во еден момент ќе се покаете за она што не сте го направиле”, додава Финман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top