Туристичкиот комплекс кој ќе се гради на крајбрежјето на Охридското езеро ќе биде меѓу најдобрите десет во светот, изјави индискиот магнат Субрата Рој кој е во посета на Македонија. Од овој амбициозен проект полза ќе имаат двате страни, и Република Македонија и Сахарија Груп, додаде Субрата Рој.
Неговиот домаќин, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакна дека веќе е формиран координативен тим од триесетина експерти, како на надлежните институции во Македонија така и на Сахара групацијата, за да се уредат сите правни, економски, еколошки прашања за да се забрза реализацијата на проектот. Исто така и сите државни институции од областа на заштитата на животната средина со цел проектот да биде еколошки прифатлив како од аспект на заштитата на животната средина, така и од аспект на заштитата на Охридското езеро како богатство заштитено од УНЕСКО.
Комплексот е лоциран на крајбрежјето на Охридско Езеро кај Љубаниште. Ќе содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.