Словенија и Хрватска денеска ги зафати студен бран пропратен со снежни врнежи, кои според прогнозите на метеоролозите, ќе продолжи и утре
На автопатот кон Загреб поради снег се вози отежнато, по една лента. ХАК предупредува дека патиштата се влажни и лизгави поради дождовите во Истра, северно Приморје, Лика и Далмација, додека во Горски Котар, средишна и северозападна Хрватска паѓа снежна виулица.
Снежните врнежи предизвикаа значителни проблеми во одвивањето на сообраќајот и во главниот град на Словенија, Љубљана, а сообраќајниот информативен центар ги предупреди возачите да не тргнуваат на пат без зимска опрема.
Висината на снежните наноси во највисоките делови на Словенија би можеле да изнесуваат и до 40 сантиметри, а во централниот дел на земјата околу 25 сантиметри, јави Агенцијата за животна средина на Словенија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст














