Министерот за цивилната заштита на Грција Никос Тоскас откри за второ заканувачко писмо до министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, пратено до уште четири грчки министри, за време на интервју за локалната телевизија „ERT“ денеска.
Писмото е напишано на машина за пишување и во него има навредливи квалификации против политичкиот систем, откако на крајот има предупредување дека „војската ќе влезе во парламентот“, пишува грчкото електронско издание „Protothema“.
Во последните неколку дена премиерот и министрите од грчката влада добиваат писма во врска со нивната позиција по „македонското прашање“, пишуваат од изданието, откако го поврзуваат тоа со претстојниот во недела протест на атинскиот плоштад Синтагма.
Грчката полиција ја класифицираше вчерашната прва закана против Коѕиас, во која пишува дека испраќачите подготвиле „три куршуми“ за министерот за надворешни работи, како најсериозна и почнаа истрага за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


