| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски до Џафери поднесе предлог-одлука за оглас за избор на нова Државна изборна комисија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска во Собранието доставил предлог-одлука за објавување јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на Државната изборна комисија.

„Заради итната потреба од комплетирањето на составот на ДИК, предлагам предлог-одлуката за објавување јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на Државната изборна комисија да биде ставена како точка на дневен ред на првата наредна седница на Собранието на Република Македонија“, пишува во барањето упатено до претседателот на Парламентот, Талат Џафери.

Милошоски вели дека очекува поддршка и од другите политички партии.

„Очекувам и другите политички партии да го поддржам предлогот, затоа што не гледам на кого би му одговарало да нема Државна изборна комисија“, ни изјави Милошоски.

Инаку, законскиот рок за избор на нов состав на Државната изборна комисија е 30 дена од оставката на претходниот состав.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top