Најстариот син на починатиот кубански комунистички лидер Фидел Кастро изврши самоубиство по месеци лекување од депресија, јавија државните медиуми. Имаше 68 години.
Фидел Кастро Диаз-Баларт бил во мошне депресивна состојба, објави државната телевизија. Неговото лекување барало хоспитализација и третмани.
Фиделито или „малиот Фидел“, бил познат во државата по неговата сличност со татко му, студирал нуклеарна физика во поранешниот Советскиот сојуз и бил советник за научни прашања во државниот совет на Куба.

Кастро Диаз Балард бил потпретседател на кубанската Академија на науките. Ја предводел нуклеарната програма на Куба од 1980 -1992.
Малиот Кастро секогаш бил верен на комунистичките идеали на неговиот татко.
Неговата смрт доаѓа само една година по смртта на неговиот татко на 25-ти ноември 2016-та, на 90-годишна возраст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


