| четврток, 6 декември 2018 |

Гаревски: Денешните земјотреси се поврзани со силниот земјотрес од септември 2016

Двата денешни скопски земјотреси со магнитуда од 2,3 степени според Рихтеровата скала, во временско растојание од 8 часа биле од истото епицентрално подрачје, во близина на Соње.

Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Михаил Гаревски вели дека се поврзани со земјотресот со магнитуда 5 што се случи во Скопје во септември 2016 година.

-Се работи за истиот расед, истото подрачје каде во 2016 имаше силен земјотрес. Тоа е расед кој оди до Арачиново и вакви слаби потреси се нормална макросеизмичка активност или редистрибуција на напрегањето од 5 степени по Рихтер. Ваквите потреси ги забележуваат само исклучително чувствителни луѓе, кај поголемиот дел од популацијата поминуваат незабележано и не предизвикуваат штета. Таков беше и денешниот земјотрес во Охрид, со магнитуда од 2,1, изјави за „Макфакс“ директорот Гаревски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top