Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јануари. Денеска е Преподобен Ефтимиј Велики. Свети Ефтимиј потекнуваше од ерменскиот град Мелитин. Се роди во 377 година. Како син измолен од Бога од родители кои долго време немале деца, тој уште од детството му беше посветен на Бога. Подоцна, за време на едно поклоничко патување во Ерусалим, реши да го земе на себе монашкиот подвиг и се насели во Фаранската лавра. Животот го исполни со подвизи и богомислие и достигна толкава духовна висина, што не можеше да се скрие од луѓето. Зашто, како што рече Христос: може ли да се скрие град на врвот од планината? Се упокои во 473 година со овие зборови на усните: Пред се имајте љубов меѓу себе си, зашто љубовта за добродетелта е тоа што е солта за храната.
На овој ден се смета за голем грев доколку се избрка или одбие човек кој проси, односно доколку одбиете да помогнете некому кому му е потребна помош. Доколку го направите тоа, според старите верувања, го навредувате и Свети Ефтимиј, кој особено им помагал на сиромашните, лекувал болни…па ќе останете без неговиот благослов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст