Откако се сврши со Чери Сиборн, со која е во врска од 2015 година, ирскиот пејач Ед Ширан купи четири имоти, што се наоѓаат покрај неговата викендичка во англиското село Суфолк.
– Ширан планира да изгради царство за нивниот заеднички живот. Дури направи и подземно кино, а ќе засади и стебла од вишни во чест на девојката, која го доби името по ова овошје – им откри на медиумите негов близок пријател.
Соседите велат дека Ед е супермомче и секогаш е одлично расположен, а се шегуваат дека никој нема да се пожали доколку пушта гласно музика.
Според нацртите што веќе протекоа во јавноста, Ширан има намера да изгради музичка соба и две простории за забава. Исто така тој на имотот има кафуле, што се наоѓа под земја, до каде што се стигнува низ тунел од куќата.
– Ги набавив сите пива што ги сакам, па кога правам забава сите се селиме во подземното кафуле – изјави тој во една околност.
Неговите пријатели велат дека тој сака да направи совршен дом, бидејќи наскоро планира да се венча со свршеницата, со која посакува да има и деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


