| четврток, 6 декември 2018 |

Кина планира да отвори воена база во Авганистан

Кина почна преговори со Авганистан за отворање на воена база во близината на нивната граница, чија цел ќе биде да се спречи уфрлање на исламисти на кинеска територија.

Кина сака базата да ја изгради во областа Вакан, тесен планински дел од Авганистан, кој се наоѓа на границата со големата кинеска област Сингјанг, каде половина од жителите се муслимани – Ујгури. Кина го претставува градењето на воената база како дел од нејзиниот проект „Еден појас еден пат“ за инфраструктурно поврзување на Азија со Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top