| четврток, 6 декември 2018 |

Забранет влез во САД за Марадона оти го нарекол Трамп будала

Аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона (57) не доби виза за влез во САД поради навредливите коментари кои ги кажа против американскиот претседател Доналд Трамп.

Имено, Марадона во едно тв-шоу во Венецуела, го нарече американскиот претседател будала и дворски шут, а Трамп памти и враќа.

„Него не го доживувам како политичар. Ме потсетува на оние ликови од цртаните филмови. Штом го видам Трамп на ТВ го менувам каналот или само го гасам телевизорот“, рече Марадона.

Тој требаше да замине за Мајами за да присуствува на сослушувањето на поранешната сопруга, а неговиот адвокат Матиас Морла рече дека бил шокиран кога во амбасадата му рекле дека Марадона не може во САД.

„Знаев за што се работи штом ми рекоа дека Диего не може да патува. Ќе морам јас да одам место него во Мајами“, вели Морла.

Марадона уште од 1994 година и Светското првенство во САД не стапнал на тлото на оваа земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top