| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас ја спореди Македонија со невеста која се мисли дали да го прифати презимето на сопругот

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас е уверен дека до јуни ќе се реши прашањето за името. Тој во интервју за новинската агенција Ројтерс  вели дека името ќе го вклучува терминот Македонија, но со хронолошка дефиниција.

„Ние нема да ја крстиме оваа земја. Оваа земја го содржи името Македонија и всушност за 140 земји е без непријателски склоности. Она што го правиме денес е како свадба. Тоа е како жена која на нејзината свадба се прашува дали, освен своето презиме, исто така ќе го прифати и презимето на нејзиниот сопруг“, вели тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top