| четврток, 6 декември 2018 |

Рама: Oстанувам на ставот дека јас и мојата партија го официјализиравме албанскиот јазик во Македонија

Во шоуто “Реал Стори” на албанската национална телевизија „Визион плус“, албанскиот премиер Еди Рама истакна дека тој и неговата партија продолжуваат да стојат на ставот дека тој како премиер издејствувал да се изгласа Законот за јазици во Македонија.

Рама го нарече претседателот Ѓпрге Иванов искомплексиран, затоа што имал комплекси од албанскиот јазик.

“Ние не сме вклучени во смисла да подржуваме една страна во политичкиот конфликт меѓу македонските партии, ние сме вклучени во функција на обединување на албанскиот фактор и унапредување на агендата на Албанците, која универзално се нарекува како Охридски Договор, каде албанскиот јазик е суштински елемент, што значи дека без Социјалистичката партија на Албанија и нејзината влада немаше да има еден ваков резултат кој до пред неколку годинибеше незамислив, каде што албанскиот јазик ќе се официјализира на еден сосема друг начин. Исто како и со Чамите,од колегите на поранешната македонска влада,ни беше кажано што имаме ние да се мешаме во Охридскиот Договор, додека на заедничкиот состанок на двете влади, албанскиот заменик премиер во Македонија, пред премиерот на Албанија, известуваше за промоцијата на агендата на Албанците во териториите на Македонија “, изјави Рама.

Рама додаде дека сака една Македонија каде што двата државотворни народи живеат во гарантирана хармонија. Според него, тој е патриот, а не националист кој сака туѓа несреќа, бидејќи тоа може да ја доведе земјата неволја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top