| четврток, 6 декември 2018 |

Пеперминт го промовираа Твоето куче

PEPERMINTИако песната е стара четири години, „Девојката со точакот“ стана хит во последните неколку месеци. Од момците од „Пеперминт“  постигнаа успех со синглот „Ако“, а сега панк-рок составот повторно станува актуелен објавувајќи го својот нов видео-спот за песната „Твоето куче“.

„Твоето Куче“ е воедно најава за нивниот нов албум, насловен „Ама ако“, кој наскоро ќе биде официјално објавен. Новото студиско издание е целосно подготвено, а неговото објавувањето ќе биде одбележано и со промотивен концерт, за кој „Пеперминт“ интензивно се подготвуваат.

На ова остварување на групата, која медиумите ја оценија како „рокери што ја освежија сцената“, и’ претходеше активна година со повеќе успеси. Видео спотот за нивниот втор сингл на англиски „Riding My Harley In The Rain“ изминатата година беше промовиран на „Ем-ти-ви Адрија“, регионалниот музички канал во чии рамки „Пеперминт“ учествуваше и во трката за најдобар бенд на балканот. Покрај тоа, 2012 помина и во знакот на нивниот хит сингл „Ако“ кој ги освои највисоките места на македонските музички топ листи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top