Кејт Мидлтон која треба да роди во април, воодушеви со својата гламурозна појава на свечената вечера во кралската палата во Осло каде ги угостија домаќните: кралот Харалд со сопругата, кралицата Силвија, принцот Хаакон и неговата сопруга Мет Марит и принцезите Луси и Астрид.
Убавата бринета која откако стана членка на кралското семејство изгради моден стил и стана пример за многу вљубеници во модата, заблеска во раскошна тоалета од нежна бледорозева нијанса со потпис на омилениот нејзин дизајнер Alexander McQueen со ефект на апликација извезена во облик на цвет.Гламурозниот фустан за 36-годишната Кејт остави впечаток на кралица.
За овој одличен изглед, војвотката доби само пофалби, за разлика од претходните за кои доби доста критики од модните следбеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст