| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбен поштар во Скопје додека разнесувал пензии, еве колку имал во чантата

Вчера околу 10.00 часот на ул. „Македонско Косовска Бригада“ во Скопје непознат маскиран сторител извршил разбојништво над А.Ф. (47) од Скопје, вработен како поштар во АД „Македонски пошти“.

Сторителот со закана со пиштол од А.Ф. одзел чанта во која имало од 15.000-20.000 денари, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top