| четврток, 6 декември 2018 |

Сите мобилни оператори заинтересирани за 4Г

Сите три мобилни оператори што работат во Македонија доставија понуди  за добивање одобрение за воведување нови услуги од четвртата генерација на мобилни комуникации со почетна вредност од 10 милиони евра за секое од одобренијата, соопшти Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Јавното наддавање за доделување на три одобренија за користење радиофреквенции, кои, според тендерската документација, може да се користат за обезбедување мобилни електронски комуникациски услуги од четвртата генерација, ќе се изврши на 10 јули во 12 часот.

– Услугите од четвртата генерација на корисниците во Македонија ќе им овозможат користење мобилен широкопојасен интернет  со висок квалитет, брзина и доверливост, по достапни цени, на пазар со развиена конкуренција – посочуваат од АЕК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top