| четврток, 6 декември 2018 |

Хакери украле криптовалути за половина милијарда долари

Експерти од Агенцијата за финансиски услуги при Министерството за финансии на Јапонија пристапи кон претреси во седиштето на берзата за криптовалута Coincheck во токискиот регион Шибуја.

Причината – кражба на хакери на виртуелната валута NEM за 54 милијарди јени (околу 534 милиони долари), објавија кинески телевизии.

Јапонските служби се подготвуваат да проверат отчетноста на компанијата и да се убедат дека берзата е способна да ги исполни своите обврски пред клиентите, кои ги изгубиле средства, и да им исплати надоместок.

Според првичните проценки, од активностите на хакерите настрадале 260.000 луѓе. Во моментов тргувањето на берзата е запрено.

Зделки се вршат само со биткоини.

NEM е издадена во 2015 година и влегува во првите десет криптовалути.

Во декември, јужнокорејската разузнавачка служба ги обвини хакерите на КНДР дека се обидуваат да ги крадат биткоините. При кражбата на Bithumb, податоците од 30.000 луѓе биле украдени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top