| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал со бебешко млеко: Компанијата призна дека производите биле контаминирани пред една деценија

Француската млекарница Лакталис која е во центарот на скандалот за млекото за бебиња призна дека некои од нивните производи можно е да биле контаминирани уште пред повеќе од една деценија.

Милиони кутии млеко во прав минатата година беа повлечени од целиот свет по појавата на салмонела.

Истражувачите велат дека истиот тип на салмонела е одговорна за уште една епидемија од 2005 година.

Компанијата соопшти дека е можно оттогаш и други бебиња да биле погодени од производите на Лакталис.

Во интервјуто за весник објавен во четвртокот, извршниот директор на Лакталис Емануел Беснир изјави дека тестовите покажале дека фабриката која е во центарот на скандалот Краон во северозападна Франција исто така била одговорна за појавата од 2005 година, пренесе Би-Би-Си.

Кризата, рече Беснир „ќе ги чини Лакталис стотици милиони евра“.

Родителите кои тврдат дека нивните деца се разболеле по пиењето на производите од Лакталис поднесоа тужби.

Исто така, компанијата го повлече речиси едногодишниот излез од фабриката Краон – околу 12 милиони кутии млеко во прав – распределени во 83 земји.

Минатиот месец портпаролот на компанијата изјави дека погодените земји биле во континентална Европа, Азија, Латинска Америка и Африка. Додека Велика Британија, САД и Австралија не биле погодени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top