Меѓу демонстрантите на Таксим во Инстанбул се најде двојка облечени во невестински фустан и во костум. Двајцата младоженци, Бариш и Дерија Демирчи, во неделата стапија во брак среде демонстрациите, а потоа заедни со илјадниците други луѓе на плоштадот продолжија со антивладините протести.
– Ние сме дел од ова движење уште од самиот почеток. Застанавме само да се земеме. Сега продолжуваме со борбата за заштита на земјата – рекол Бариш.
Иако демонстрациите почнаа весело, славењето траеше кратко затоа што полицијата употреби водени топови и солзавци за да ги растера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.