| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ бара зголемени патроли во населените места во Гази Баба

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра македонија од општона Гази Баба изрази загриженост за безбедносната состојба во општината. Жителите на оваа скопска општина, велат ов ВМРо-ДПМНЕ не се чувствуваат безбедно.

„Го осудуваме инциденотот во Сингелиќ и ги повикуваме надлежните институции, МВР, што поскоро да го расветлат случајот“, стои во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците од оваа општина најавуваат дека на наредната седница на Советот ќе побараат зголемување на патролите низ населените места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top