| четврток, 6 декември 2018 |

Србија денеска очекува старт на преговорите со ЕУ

Clouds from the worldПроширувањето на ЕУ со Србија денеска ќе биде точка на Советот за надворешни работи на ЕУ  во Луксембург, каде што се очекува до пладне да се усвојат заклучоците што би требало да бидат усвоени и на бриселскиот самит.

Високата европска претставничка, Кетрин Ештон, оцени дека Белград и Приштина  напредувале во правец на видлива и одржлива нормализација на односите.

– Заедно со еврокомесарот Филе испратив писмо до членките на Унијата за нормализацијата на односите – посочи таа на прес-конференцијата.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ се подготвени да предложат старт на процесот на преговорите, но сѐ уште не е јасен датумот кога тие би можеле да почнат.

Според српскиот премиер Дачиќ, ЕУ предлага датумот да биде најдоцна до декември, додека германскиот Бундестаг се залага за јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top