Запрашана дали терминот „Македонија“ треба да биде дел од идното име на соседната земја, поранешната министерка за надворешни работи на Грција вели дека постојат желби, но постои и реалност.
„Искрено, и јас би сакала да изгледам како Синди Крафорд, но …“, рече таа.
Бакојани, поранешната градоначалника на Атина, шефица на грчката дипломатија, ќерка на екс-премиерот Мицотакис и сестра на лидерот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, подржува име што ќе го вклучува и терминот „Македонија“, доколку тоа биде проследено со промени во уставот на соседната земја, со што ќе се елиминира секој иредентизам.
„Уставните промени се поважни од што било друго“, рече таа. „Ако БЈРМ едноставно го промени своето име без да направи нешто друго, тоа ќе биде национален пораз за Грција“.
Таа рече дека како поранешен министер за надворешни работи, се согласила за име „erga omnes” во Букурешт во 2008 година и дека „тоа е сè уште најдобар начин да се реши спорот“.
Бакојани рече дека се противи на улични протести и митинзи на кои се бранело името Македонија, одговарајќи на прашањето дали пратеници треба да учествуваат на митингот во Атина планиран за в недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст