По масовниот протест во Солун, грчките организации и здруженија, најавуваат нов собир, но овој пат во грчката престолнина – Атина. Протестот ќе биде насочен против политиката на Сириза и на премиерот Алексис Ципрас, кој изрази подготвеност да дозволи во името на северниот сосед да биде содржан и терминот „Македонија“.
Преку социјалните мрежи и изјави во грчките медиуми се упатува повик на 4 февруари во 13 часот, граѓаните да излезат во центарот на Атина во рамките на кампањата што започна под мотото „Македонија е грчка“.
Грчката православна црква и официјално соопшти дека ќе го поддржи протестот во Атина. Според организаторите, на бината еден од главните говорници ќе биде познатиот грчки композитор Микис Теодоракис.
Во главниот град на Грција веќе се делат летоци со повик до граѓаните да земат масовно учество на митингот. На летоците е прикажана голема крволочна мечка – која ги преставува комитите од “Македонија” кои се голема закана за Грција. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, грчките Андарти комитите ги нарекувале “мечки”. Мечката на летокот со нож ја коле грчкиот народ. „Ѝ требаш на Македонија” и “Сега сите заедно“, пишува на летокот на кој неколкумина Грци заедно држат еден огромен нож со грчко знаме насочен кон мечката.
Организацијата на митингот испланирала и автобуси што и од најдалечните села ќе ги носат Грците што се против каква било употреба на името Македонија во соседната држава. Се споменува и некоја бројка од можно учество на 500 илјади луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст