| четврток, 6 декември 2018 |

Пецова, осудена во „Керозин“, е првата амнестирана затвореничка која излезе на слобода

Мариче Пецова е првата жена осуденичка која во текот на вчерашниот ден го напуштила затворот „Идризово“, откако стапи на сила Законот за амнестија, дознава „Фокус“ од извори во затворот.

Пецова беше една од осудените во случајот „Керозин“, која заедно со својот сопруг и син, но и уште 13 лица, беа осудени како злосторничка група, бидејќи според пресудата преку неготинската фирма „Алма-комерц“ точеле помало количество нафта при набавките на државни институции, со тоа го оштетиле државниот Буџетот за околу 3 милиони евра.

Пецова зад решетки помина над пет години. Нејзиниот сопруг Ангел Пецов и нивниот син Љупчо Пецов издржуваат деветгодишна казна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top