| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал во Ѓорче: Додека е градоначалникот тука, може да се пуши (фото)

Законот за пушење цигари во затворени угостителски објекти веројатно не важи за градоначалниците и функционерите на ист начин како што важи за обичната раја.

„Слободен Печат“, открива дека градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, кој заедно со своите општински советници, го уловивме како ужива во димот на цигарата во затворениот простор на еден познат скопски ресторан, иако законот не го дозволува тоа.

– Пушењето е дозволено додека градоначалникот е тука. Слободно запалете си, денеска не треба да се плашиме од инспекции –тивко ни проговори еден од вработените во ресторанот. – пишува „Слободен Печат“.

„Република“ се обиде да стапи во контакт со службата за односи со јавноста на Општина Ѓорче Петров, но сеуште чекаме одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top