Околу 71 отсто од Русите изјавиле дека цврсто се решени да гласаат на претстојните претседателски избори и околу 70 проценти од нив ќе го поддржат актуелниот претседател Владимир Путин.
Ова го покажа истражување на Серуски центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ).
Од декември досега се зголемува процентот на луѓето кои изјавиле дека планираат да гласаат. Вкупно 10 отсто од испитаниците изјавиле дека се подготвени да отидат до избирачките места, а само три проценти се сигурни дека нема да гласаат и уште толку рекле дека „веројатно нема да гласаат“.
Вкупно 69,9 отсто од испитаниците се подготвени да го поддржат Путин, ако изборите се одржат на крајот од оваа недела, што е во согласност со поддршката од 73,8 проценти регистрирана минатиот месец.
Следен по популарност е Павел Грудинин, кандидатот на руската комунистичка партија. Тој ја има поддршката на 7,2 отсто од испитаниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст