| четврток, 6 декември 2018 |

Тито по папучи бегал од Јованка – тајни транскрипти откриваат детали за односот меѓу нив

Највлијателните комунистички раководители на 22 јули 1985 година одлучиле да биде донесен закон за наследство со кој би се регулирал имотот на покојниот доживотен југословенски диктатор Јосип Броз Тито.

Според транскриптите, како што објави „Блиц“, на седницата на Советот за заштита на уставниот поредок присуствувале Никола Љубичиќ, Стане Доланц, Милка Планинц, Добросав Ќулафиќ и Лазар Мојсов.

Тие на состанокот го споменуваат кешот на Тито од околу 800 милиони динари, неутврдена голема количина на девизи, како и автомобили, јахти, вили…

Доланц изнел и бројни обвинувања против Јованка, тврдејќи дека никогаш не бил во спор со неа, туку дека имале еден сериозен разговор кога Тито, наводно, избегал од неа.

Jovanka i Tito na doceku Nove godine.

– Разговаравме по наредба на другарот Тито, во Белиот дворец, во присувство на Петар Стамболиќ, кога другарот Тито по папучи побегна бидејќи беше тешко болен. Тогаш не замоли да ѝ забраниме да доаѓа во Белиот дворец, иако веќе другиот ден се предомисли. Тоа не беше расправија, туку разговор, тврдел Доланц и додал дека според извештајот на лекарот, животот на Тито бил загрозен поради Јованка.

– Во Игало отидовме Петар Стамобиќ, Никола Љубичиќ, Џемал Биједиќ и јас. Другарот Тито не се ни осуди да се сретне со нас во вилата, туку на бродот „Галеб“ за да не не види Јованка. Таму ни раскажа што се случува. Тоа беше времето кога во тоалетот си впериле пиштоли еден на друг, тврдел Доланац и навел дека постои лекарско мислење според кое Јованка не е нормална.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top