| четврток, 6 декември 2018 |

И сестрите на одделот каде се лечи српскиот актер плачат – тој ја бие најтешката битка

Брилијантниот српски актер, кој се лекува во Институтот за онкологија, ниту за момент, не покажал слабост или гест со кој што ќе и се предаде на злобната тешка болест.

Познатиот актер Небојша Глоговац (48), кој минатата недела беше примен во Институтот за онкологија и радиологија на Србија (ИОРС), не потклекнал со духот и покрај најголемата животна борба што ја води.

Вработените во Институтот, како и пациентите кои го делеле одделот со него, велат дека во ниту еден миг актерот не покажал дека се предал.

Изворите велат дека неверување владее и меѓу лекарите и меѓу сестрите кои не можат да сокријат солзи по ходниците, дека токму нему ова му се случува.

Глоговац бил примен во Институтот на 24-ти јануари, а неговата здравствена состојба е многу сериозна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top