| четврток, 6 декември 2018 |

Црвена река, луѓето се плашат од библиска катастрофа (видео)

Во Сибир реката Молчанка изминативе денови станала црвена, па се стравува дека може да ја загрози питката вода во локалниот град како и здравјето на локалното население.

Загрижен локален жител за „Siberian Times“ изразува сомнеж дека во реката се фрлени хемикалии.

„Ова може да биде многу сериозно. Реката поцрвене пред една недела и од тогаш не менува ниту нијанса, ниту интензитет, ни боја“- вели Марија Парашченко.

Резултатите од испитување на црвената река не се објавени, а руските медиуми овој настан го опишаа како катастрофа од библиски размери.

Властите велат дека не знаат за што станува збор и прв пат се соочуваат со ваква ситуација.

фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top