| четврток, 6 декември 2018 |

34 годишник загина во сообраќајка на регионалниот пат Штип – Кочани

Уште една жртва зеде регионалниот пат Штип – Кочани. Синоќа во близина на кочанското село Тркање, загина 34 годишен маж.

До несреќата дошло откако од засега неутврдени причини сега починатиот, управувајќи го сопствениот автомобил Форд фокус изгубил контрола, излетал од патот и паднал во коритотот на Трканска река.

Увид на местото на несреќата извршил дежурен јавен обвинител од Кочани. За само една недела ова е втора жртва на регионалниот пат Штип – Кочани. Минатиот четврток загина велосипедист. Минатата година патиштата во источниот дел од државата зедоа триесет жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top