На речиси 60 отсто од Грците им пречи употребата на терминот Македонија во називот за нашата земја, покажуваат резултатите од најновите анкети спорведени кај нашиот јужен сосед.
Во истото исражување, 35 отсто од грчките испитаници изјавиле дека немаат ништо против употребата на тој термин во новото сложено име.
Според истражувањето што го спровел Институтот „Пулс“ за грчката телевизија „Акција 24“, 59 отсто од Грците истакнале дека не сакаат да се користи зборот Македонија во името на нашата држава.
Речиси 65 отсто од испитаниците изјавиле дека позитивно гледаат на неодамнешните протести во врска со името на Македонија, пренесува порталот GreekReporter.com.
Мнозинството гласачи на владејачката грчка партија СИРИЗА, околу 57 проценти, сметаат дека е добро што се организираат вакви собири. Исто така, 72 процента од испитаниците веруваат дека прашањето за името на Македонија е важно или многу важно за Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


