
Амбасадорот на САД во Косово, Грег Делавие, оцени дека граѓаните на Косово се против укинувањето на специјалниот суд.
„Косовските граѓани не прифааат укинување на специјалниот суд на Косово“, истакнува американскиот амбасадор во Приштина во изјава пренесена преку неговиот профил на Твитер, перенесува весникот „Бота сот“.
Амбасадорот додава дека ги поздравува сите граѓани кои се противат на одредени иницијативи на Косово за укинување на работата на специјалниот суд на Косово.
Инаку на Косово има политички структури меѓу кои и такви кои се на власт кои бараат укинување на специјалниот суд. Оваа тема е во центарот на вниманието на косовската и меѓународната јавност. Меѓународниот фактор, а особено ЕУ и САД бараат специјалниот суд да ги започне активностите. Косовските медиуми истакнуваат дека пред судот можно е да се најдат и највисоките косовски раководители како што се премиерот Рамуш Харадинај, претседателот Хашим Тачи како и други високи функционери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


