Владата го разреши Александар Донев, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, без да ги врати парите за скапиот авионски билет. Донев вечера, неколку часа пред да биде разрешен, за „Макфакс“ изјави дека парите не ги уплатил бидејќи решил да ги донира за опремување соба за лица со посебни потреби, што ја подготвувало Министерството.
-Решив тие 40.000 денари, колку што изнесува разликата меѓу билет во бизнис-класа и билет во економска класа, да ги уплатам за опремување соба за лица со посебни потреби, а уплатата сѐ уште не е реализирана оти Министерството не ми испрати спецификација за тоа што сè ќе има таму. Со 40.000 денари не може да се опреми цела соба, па од спецификацијата зависи за што конкретно ќе ги уплатам средствата, изјави Донев за „Макфакс“.
На вчерашната седница Донев беше разрешен поради невнимателно и несовесно работење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст